Косово воведе 30% царина за увоз на македонско овошје и зеленчук

Косовската влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30% за одредени овошје и зеленчук од Македонија. Според македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес.

Од таму појаснуваат дека се работи за времена мерка којашто е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.

Дополнително, велат од МЗШВ, Косово е претседавач со ЦЕФТА оваа година каде што како три први приоритети во неговата програма како претседавач се наведени олеснувањето на трговијата со стоки, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање на регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

Вовоедувањето на 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово не значи трговска војна меѓу Македонија и Косово, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Мерката не е насочена против Македонија и се однесува на сите држави во светот кои извезуваат земјоделски производи во Косово. Имајќи ги предвид сите меѓународни договори имаме обврска и ние да преземеме наши мерки. Тие ќе бидат анализирани во соработка со Министерството за земјоделство и Царинската управа, но истовремено ќе бидат разгледувани и во склоп на Секретаријатот на ЦЕФТА и со другите членки и држави, рече Бектеши со намера да ти утеши македонските земјоделци, по средбата со косовскиот министер за регионален развој Расим Демири.

error: Content is protected !!