Растот на БДП во САД надмина 4% – голем успех на Доналд Трамп

Американскиот економски раст достигна 4,1 проценти во вториот квартал од годината, што е најдобар резултат во изминатите четири години.

Зборувајќи на митинг во Гранит Сити, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека економскиот раст ќе продолжи да се засилува и дека ќе бидат достигнати ветените пет проценти раст годишно.

Се смета дека главниот двигател на растот е намалувањето на даноците што го усвои Конгресот на САД.

Заедно со солидниот економски раст, САД забележаа и добри бројки на полето на вработеноста.

Неговите поддржувачи веднаш направија споредби со скромниот економски раст во мандатот на претседателот Барак Обама.

Macedonian Business Hub пред повеќе месеци имаше објавено неколку текста, каде што објаснувавме што ќе значат овие мерки за економијата на САД. Ви ги препорачуваме следниве два текста ако сте ги пропуштиле. Трамп ги намали даноците а компаниите ги зголемуваат платите и бонусите и Реформата на Доналд Трамп е многу повеќе од намалување на корпорaтивниот данок  

error: Content is protected !!