Kои ќе бидат 10-те водечки економии во светот во 2030-та година?
Светскиот економски форум објави податоци според кои најголема светска економија во 2030 година ќе биде Кина.
Со проектиран БДП од 38 трилиони американски долари , Кина ќе биде водечка економска сила во 2030 година. Веднаш зад неа е САД со 23,5 трилиони долари од БДП, додека на трето место е Индија со 19,5 трилиони долари.
На четврто место е Јапонија со проектирани 5,6 трилиони долари, по што следува Индонезија со 5,4 трилиони долари. Додека Русија е на шестата позиција со 4,7 трилиони долари, а на седмото место е Германија.
Осмото место, ќе му припадне на Бразил, деветтото на Мексико, додека Велика Британија ќе ја заземе десеттата позиција со 3,6 трилиони долари од планираниот БДП.