Иселеник во Америка инвестира 3 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Струга

Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ – Струга. Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра, а се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена. Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, a планирано е вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион. Инвестицијата е на иселеник од Македонија во Америка.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи смета дека инвестицијата е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот.

– Можеме да обезбедиме иднина со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца, подобра иднина за луѓето. Одлучив да инвестирам не само во Македонија, туку и во граѓаните во земјата на мојот татко и дедо, подвлече Речи.

Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат тука, очекува дека покрај во Европа ќе се извезуваат низ целиот свет.

Директорот на технолошко-индустриските развојни зони Младеновски, информира дека во август бил потпишан договор за закуп на градежното земјиште и оти сега се почнува со градба.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!