И понатаму расте јавниот долг во Македонија!

Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени , во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг од 33 % на 33,4% од БДП, при раст и на внатрешниот долг од 15,2% на 15,4% од БДП. Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија за кој државата има издадено државна гаранција во вториот квартал се зголемија за 0,3 и 0,2 процентни поени од БДП, соодветно“, соопшти Народна банка на Република Македонија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!