12 стартапи денеска ќе ги презентираат своите бизнис идеи на ФИНКИ

Дванаесет старт-ап компании денеска ќе ги презентираат своите иновативни бизнис идеи по што најдобрите преку програмата „Betapitch“ ќе добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.

Презентацијата ќе се одржи попладне на Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје, а во стручната комисија која ќе ги оценува бизнис идеите ќе биде и главниот оперативен директор на берлинската старт-ап сцена „Бетахаус“.

Настанот е во организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – Инофест и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев.

Годинава, „Betapitch“ се одржува во 15 градови низ светот, вклучувајќи го и Скопје.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!