Франција со ваучери од 8000 евра ќе го решава недостатокот на квалификувана сила
Втората најголема економија во еврозоната француската иако стапката на невработеност е прилично висока споредено со другите држави од западна Европа. Сепак голем број понудени работни места не можат да се пополнат.
Квалификувани работници со потребни вештини се потешко се наоѓаат во Франција, а податоците на националниот статистички институт покажуваат дека сé поголем број компании имаат проблеми со недостаток на квалификувана сила, иако стапката на невработеност за европските концепти е релативно висока од девет проценти.
Минатата година, дури 330.000 огласи за работа останаа неисполнети. Извештајот од државната развојна банка покажува дека девет од десетте средни претпријатија го имаат овој проблем.
Според мислењето на работодавците, главната причина за недостатокот на квалификувани работници е несоодветното школување. Француската влада се надева дека ќе постигне системи за преквалификација со 32 милијарди евра за подобрување на вештините на работната сила и намалување на невработеноста.
Во март владата објави дека од јануари 2020 година секој работник, вклучувајќи ги и оние вработени со скратено работно време, ќе може да користи ваучер од 5000 евра за курс или дошколување по сопствен избор/ За лицата без квалификации, вредноста на ваучерот ќе се зголеми на 8.000 евра.
Оваа мерка ќе биде дополнета со програма за преквалификација на еден милион невработени и еден милион дипломирани средношколци, кои во текот на следните пет години ќе чинат три милијарди евра годишно.