ЕБОР очекува зголемување на јавниот долг на Македонија

Во однос на јавниот долг ЕБОР пишува дека тој постојано се зголемува во Македонија поради растот на буџетскиот дефицит. Оттаму очекуваат јавниот долг дополнително да се зголеми како резултат на стимулациите што ги најави владата

Се очекува понатамошен раст на долгот поради мерките усвоени од страна на владата, вклучувајќи ги и бизнис поттиците за дополнителни вработувања и за зголемување на минималната плата, стои во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019 година.

Според Европската банка влошена е перцепцијата за корупција и покрај поволното деловно опкружување а тоа го потврува 107 место од 180 земји во светот. Клучен приоритет во периодот што следи е наведена дигитализацијата на работата на институциите што се очекува да привлече нови инвеститори и отворање на нови работни места.

Економскиот раст за годинава според ЕБОР ќе изнесува 2 % а догодина 3 % под претпоставка за континуирана политичка стабилност, деблокирање на понатамошни реформи и доаѓање на многу потребните инвестиции. Клучен ризик според ЕБОР останува можноста за продолжување на политичките турбуленции и несигурност ако напредокот во решавањето на спорот за името не се одржува.

error: Content is protected !!