3 милијарди евра ќе инвестира Германија во вештачка интелигенција

Владата на Германија ќе одвои околу 3 милијарди евра за истражувања и развој на вештачката интелигенција (3,7 милијарди евра ќе изнесува македонскиот буџет догодина), додека земјата се обидува да ја намали разликата во софтверските иновации меѓу неа од една страна и САД и Азија, од друга страна, пренесува Ројтерс.

Овие пари треба да бидат потрошени до 2025 година за проектот „вештачка интелигенција, создаден во Германија“.

Со овој потег Берлин покажува загриженост за предизвиците кои дигиталните технологии и вештачката ителегенција ги нудат на традиционалните индустрии во земјата, насочени кон извозот.

Ви документот разгледан од новинската агенција Ројтерс е дека ќе има влијание на „социјалната политика и работна сила“ како аспекти на вештачката интелигенција, што ја одразува загриженоста на Германија за заштита на личните податоци и начинот на кој слична технолошка промена може да ги трансформира сегашните социјални модели.

„Сакаме да го промовираме користењето на апликации со вештачка интелигенција од бизнисот“, пишува во документот. „Но една технологија со толку големо влијание како вештачка интелигенција … може да се вметне во рамка, која ги штити фундаменталните социјални вредности и индивидуалните права“.

error: Content is protected !!