Газпром: Турски тек ќе поминува низ Србија, но не низ Македонија
Додека некои земји членки на ЕУ се бореа со сите средства Гасоводот да поминува во нивните држави. Македонија се плашеше од руско “влијание”, за да не ги налутиме нашите Западни партнери. Имено, руската компанија „Газпром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка. Во тие земји се сите подготвителни процедури за таа работа, пишува рускиот весник „Комерсант“.
Како што се наведува, првите испораки на гас во Бугарија и Србија ќе почнат во 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне само една година подоцна, што ќе ѝ овозможи на руската компанија до 2022 година целосно да ја запре испораката на „синиот енергенс“ преку Украина.
„Комерсант“ укажува дека тоа е, така да се каже, „Јужниот тек“ што Европската Унија го запре уште во 2014 година под притисок на САД.
Како што се оценува, овој пат ќе биде драстично покомплицирано да се влијае на тоа да се запре проектот, зашто „Газпром“ целосно ги почитува законите на Европската Унија.
Иако Грција исто така е во план да се приклучи кон тој гасовод, како што оценува „Комерсант“, уште не е најјасно како ќе изгледа тоа.
Се претпоставува дека Грција ќе се припои кон тој крак преку Бугарија или азербејџанскиот гас ќе се замени со руски гас откако ќе биде завршена изградбата на гасоводот „ТАП“, што исто така е планирано за 2020 година.
И нормално Македонија никој веќе не ја спомнува, без разлика што пред неколку години, Македонија беше на мапата каде што ќе поминува Турски тек (мапата доле).