Поврат на 15% од платениот ДДВ ќе започне од 1 јули следната година?

Премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање од собраниската говорница рече дека проектот за поврат на 15% од платениот ДДВ ќе започне од 1 јули следната година.

– Овој проект требаше да започне од 1 февруари, но поради системот моравме да го одложиме за 1 јули следната година. Договорите со банките се завршени и тие веќе знаат како да ги изработат картичките. Тоа им одговара и на банките, бидејќи тогаш сите ќе сакаат да имаат такви картички и на тој начин ќе се плаќа и во сите рурални средини на пример – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој наведе дека повратот на 15% од ДДВ ќе биде лимитиран на 30.000 денари месечно од банкарска картичка.

– Донесовме таква одлука затоа што сметаме дека не е фер некој побогат со големи примања да добие многу поголем поврат од некој со мали приходи – вели Заев.

Најави и намалување на данокот на добивка од 10 на 3% во индустријата со информатичка технологија за да се привлечат странски инвеститори во овој сектор.

error: Content is protected !!