Во Словенија следната година минималната плата ќе изнесува 667 евра

Словенечката Влада идната година ќе ја зголеми минималната плата на 667 евра, а во 2020 минималната плата ќе изнесува 700 евра.

Новиот словенечки закон за минимална плата предвидува од минималниот износ на платата да се исклучат сите додатоци, а во 2021 година таа ќе се пресметува по нова формула, по која ќе мора да биде 20 отсто повисока од минималните трошоци за живот, кои во овој момент изнесуваат 736 евра. 

Минимална плата во Словенија примаат околу осум отсто од вработените на која работодавците им исплаќаат законски загарантирана минимална плата за полно работно време.

Минималната плата оваа година изнесува 638 евра, односно 843 евра во бруто износ.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!