САД и Кина нема да си ги зголемуваат царините во наредните 90 дена

Претседателите на двете земји , Доналд Трамп и Кси Џинпинг  на состанокот по завршувањето на самитот Г20 во Аргентина се договориле да мирува трговската војна во наредните три месеци.

Трамп се согласил да не ги зголемува царините на кинеските производи од 10 на 25 проценти во вредност од 200 милијарди долари , што беше најавено за 1 јануари 2019 .

Од друга страна , Кина ќе увезе големо количество американски земјоделски , енергетски , индустриски и други производи. Доколку за 90 дена не се постигне договорот , САД ќе ги зголеми царините според претходните најави.

До сега двете земји си наметнуваа царини вредни милијарди долари . Така , во јули трамповата администрација воведе царини за увоз на кинески производи во износ од 250 милијарди долари , додека Кина возврати со царини за американските производи во вредност од 110 милијарди.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!