Македонскиот БДП во третиот квартал од 2018 година пораснал за 3%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третиот квартал од 2018 година е 3.0 %.

Секторот Земјоделство, шумарство и рибарство бележи пад од 4,8% во однос на третиот квартал од минатата година.

Преработувачка индустрија бележи раст од 4,1% во однос на истиот квартал минатата година. Секторот градежништво и понатаму бележи пад, 2,6% е падот во однос на третиот квартал во 2017 година. Секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање бележи за истиот овој период бележи раст од 9,4%

Информации и комуникации во третиот квартал оваа година бележат пад од 1,7% во однос на истиот квартал лани.

Финансиски дејности и дејности на осигурување во овој квартал споредено со истиот квартал минатата година бележат раст од 2,3%. Дејности во врска со недвижен имот се скоро на исто ниво како лани односно раст од само 0,4%.

Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности бележат раст од 7,7% во однос на истиот кавртал во 2017 година.

Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита бележат пад од 1,8% во однос на исиот период лани.

Секторор Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат разллични услуги за сопствени потреби, е секторот со најголем раст за овој период од 17%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.

Случајно или намерно во соопштението од Државниот завод за статистика во текстот ги имаат наброено само секторите кои имаат раст.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!