Bill Gates ви ги препорачува 5-те најдобри книги кои ги има прочитано во 2018 година

Business Insider објави листа на книги кои му се омилени на Bill Gates.

– Ако сте како мене, сакате да давате или добивате книги за време на празниците. Одлично четиво е перфектниот подарок: внимателен и лесен за пакување (без батерии и потреба од склопување). Плус, мислам дека на сите би им користеле повеќе книги во нивниот живот, напиша Бил Гејтс во неговата најнова блог објава што ја пренесе Business Insider.

Bill Gates ги истакна неговите омилени книги кои ги има прочитано оваа година, книги со кои ќе ја заврши препораката за 2018. Тој истакнува 5 книги кои се на различни теми, а нагласува дека за разлика од другите, овие се и одлични да се подарат на некого за празниците.

Листата на книги којa ја објави Gates се од различни  теми од автономните оружја, трилер за падот на некогаш ветувачка компанија до водич за медитација. Еве ја и неговата листа во продолжение:

Educated од Tara Westover

Army of None од Paul Scharre

Bad Blood од John Carreyrou

21 Lessons for the 21st Century од Yuval Noah Harari

The Headspace Guide to Meditation and Mindfulness од Andy Puddicombe

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!