Бројот на невработени во Македонија за прв пат падна под 200 000 лица
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958 770 лица, од кои 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица се невработени, што е прв пат по долги години бројот на невработени да се симне под границата од 200.000 лица.
Овој позитивен тренд не значи дека проблемот со невработеноста и понатаму не останува еден од најтешките во Македонија со оглед на тоа што сепак има цела армија луѓе без работа.
Инаку, стапката на активност во овој период е 57 %, стапката на вработеност 45,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 20,8%.