Информатичарите се најплатени во Македонија со нето плата од 59 433 денари!

Најпплатени во секторот информации и комуникации се луѓето што работат компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со нето плата од 59 433 денари, што преставува и највисока плата што се исплаќа по занимање. Инаку за целиот сектор информации и комуникации просечната нето плата е 44 202 денари.

41 570 денари нето плата добиваат работниците во секторот финансиски дејности или дејности на осигурување. Според податоци на Државниот завод за статистика објавени вчера, 44 605 денари се нето платите во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски.

Нето плата од 36 395 денари земале вработените во рударство и вадење камен. 38 634 денари била нето платата во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Во секторот транспорт и складирање просечната нето плата е само 23 373 денари. Но интересно е што во овој сектор вработените што работат во воздухопловен транспорт земаат 46 196 денари просечна нето плата, што ги прави да се втора најплатена професија после информатичарите кои земаат 59 433 денари нето плата.

error: Content is protected !!