ЕУ удри врз Македонија: Kвоти и царина за македонскиот челик и алуминиум
ЕУ воведува квоти за извоз на македонскиот челик и алуминиум во траење од три години. Ова претставува голем економски удар за Македонија и македонската Влада од Европската комисија.
И покрај тоа што премиерот Заев од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер побара изземање на македонските компании од овие мерки пред две недели, очигледно не вродиле со плод.
Европската комисија во петокот попладне упатила нота до Македонија со која се известува за воведување на заштитни мерки за извоз на овие производи, чие надминување ќе ги чини компаниите 25% царина. Досега овие производи беа извезувани без царина. Ова денеска на брифинг го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, кој додаде дека се прават напори од страна на владата оваа мерка да не биде воведена за Македонија.
– Согласно новата формулација просекот на извоз во 2015/2016/2017 година, плус 5% раст, како заштитини мерки поради тарифите кои САД ги имаат кон ЕУ и сега ЕУ го заштитува својот пазар. Се што ќе биде експорт над тие проценти, над тие тони извоз, ќе биде царинето со 25%. Имаше проценки дека можеби штетата да биде и до 100 милиони евра на годишно ниво изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.