За Божиќ американските берзи завршија со рекорден пад

Од 2008 година па до сега ова е најлошата недела на американските берзи кои претрпеа рекорден пад. Дополнителен притисок на берзите прават  стравувањата дека блокирањето на работата на федералната влада може да продолжи и во јануари и информациите дека претседателот Доналд Трамп може да го разреши претседателот на ФЕД Џером Пауел.

Телефонските разговори на министерот за финансии Стивен Мнучин со менаџерите на шесте најголеми американски банки во неделата беше обид да се запрат големите загуби што се случуваа пред Божиќ.

Во понеделникот се случија најголемите загуби за Дау Џонс и за С&П 500,  и двата индекса се на пат да загубат повеќе од  11% оваа година, што е најлош резултат од финансиската криза наваму.

Водечкиот индекс Дау Џонс отстапи со 2,9% и падна под 22 илјади поени, а експертите истакнуваат дека ова е најголемото дневно намалување за време на предбожиќна сесија во историјата.

Индексот С&П 500 падна за 2,7%, достигнувајќи ниво од 2351.10 поени. Скоро сите 11 сектори на индексот се во негатива за декември.

Технолошкиот показател Насдакс се намали за над 2,2%.

error: Content is protected !!