Аризанов: Две работи планирам да и ги подарам на Македонија оваа 2019 година

Епа аирлија. Првиот пост оваа година.

Нели резолуции друго трето се пишуваат овој период па ајде и јас да не бидам покусо.

Светот е игранка или така нешто рече Гоце Делчев така да нема одма да те замарам што планирам надвор од границите на Македонија. Поентата е што планирам да направам за во нашава кујќа.

1. Нова книга

Е де.. Ко да е кој знае колкаво изненадување.

Па нормално оти можеш да очекуваш нова книга од мене. Ако Белиот трофеј беше растур, втората ќе биде крш. Ми се вртат неколку концепти во глава, наскоро ќе се решам за што.

2. Коворкинг простор.

Баравме подобри школи, добивме трговски центри.

Баравме коворкинг центри, добивме обложувалници

Наместо програмери добивме коцкари

…… и клошари

Затоа оваа 2019 планирам да и подарам на Македонија коворкинг простор. Јас лично ќе се погрижам за негово структуирање.

Ми го паметиш последниот муабет за формирање на остров во кои ќе важат твои правила? Ете на тоа мислев.

Што ќе биде целта на овој проект?

Да произведува претприемачи во купои, што велат Битолчани. Небаре од фабричка лента. Но не било какви, туку способни и вешти трофеи полетни и илуминирани со знаење.

Ги поминав минатите 7 месеци во Македонија. Најдолго што сум бил во последните 7 години.

Видов и научив многу. Гледам дека има елан, мерак за претприемништво но повеќето или се жртви на митови кои ги саботираат уште пред да почнат или не ја знаат механиката на функционирање на нештата.

Каде ќе биде лоциран? Или во Скопје или во родна
Струмица.

Струмица е еден од најпретприемачките краеви во Македонија. Ко што рече пријателот Игорче Изотов, за време Југославије, Струмица се сметаше за Блгарска и затоа не се инвестираше многу во нејзин развој поради што Струмичани беа оставени сами на себе да најдат креативни начини да просперираат.

Ете таа жичка се познава и денес. Прашај кој сакаш трговец со бостан и ќе видиш дека е или од Струмица или од Валандово. Или конкретно од село Баница. Растур се Баничани, иначе да ви кажам.

Моја мисија ќе биде да ја мултиплицирам оваа енергија и порив и да ја направам попаметна.

Моја цел ќе биде да култивирам дигитални Баничари и како за загревање, да го искалам оној што ќе го собори Групер.

Не бе не се шегувам. Она што стои помеѓу тој надежник и падот на Групер е знаењето кое допрва ќе му го подарам. Мисијата не само што е можна туку и прилично лесна.

Како планирам отприлика да го структуирам?

Ко стандарден коворкин простор ќе има посебен канцелариски простори за инкубирање на стартапи и заеднички простор, бироа за фриленсери и дигитални номади. На ум имам и придодавање на вечерна школа за програмирање. И плус посебен простор за Јутјуб и Инстаграм стримери.

Каде и да сум во светот, еднаш месечно ќе се обидам лично да се појавам и да ги менторирам моите деца пеливани, стартапите кои ќе бидат инкубирани внатре.

Ако не ми успее да се појавам физички – бап големиот екран и сесија во живо.

Ќе биде јако и како што се вели – Со Госпо напред.

Повеќе детали околу ова понатаму…..

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!