Реформите на Трамп: Американски компании вратиле во САД повеќе од 500 милијарди долари

Американски компании вратиле во САД повеќе од 500 милијарди долари готовина од странство за да искористат бенефит од промени во даночната регулатива.

Неодамна сепак, беше регистрирано успорено темпо на враќање на парите.

Репатријацијата на долари во периодот јули– септември 2018 година е намалена на 93 милијарди долари, што е за околу половина од износот од вториот квартал и помалку од една третина од 300 милијарди испратени во државата од јануари до март, покажуваат податоци на американските власти.

Големата репатријација уследи по воведувањето нови прописи што на американската влада и овозможија да одданочува приходи акумулирани во странство, без оглед на тоа каде сопствениците ги држат парите, но во исто време САД ги намали значително и даноците.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!