Македонија со најголема невработеност меѓу земјите од поранешна Југославија

Македонија 2018-та година ја заврши со убедливо најголема стапка на невработеност од сите екс-југословенски републики, објави Анадолија. Невработеноста во Македонија во претходните 12 месеци е намалена за 2,1 процентен поен, но земјата со 20,8% невработеност најлошо котира во регионот кога станува збор за пазарот на трудот.

Најголем успех во намалувањето на невработеноста во 2018-та постигна БИХ.

Иако забележа највисоко редуцирање од дури 5,1 проценти, Босна и Херцеговина останува претпоследна во регионот. со стапка од 18,4%.

Невработеноста е исто така намалена за 3,3 процентни поени во Црна Гора лани, но сепак е генерално висока, со стапка од 14,%.

Со стапка на невработеност од само 5,0%, Словенија е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот. Словениците минатата година забележа намалување на стапката на невработеност од 2,8 процентни поени, а со тоа достигна најниско ниво на невработеност во последните десет години од од 2008 година до сега.

Хрватска и Србија се единствените две земји каде што се зголемила невработеноста во 2018-та за разлика од почетокот на истата година. Стапката на невработеност во Хрватска изнесува 9,4%, што е малку повисока отколку на почетокот на годината, а минимално е полоша и во Србија каде минатата година заврши со стапка на невработеност од 11,3%.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!