Димитров: Зголемување на минималната плата ќе предизвика отпуштање работници

Ново зголемување на минималната плата може да предизвика проблеми во работењето на компаниите особено во трудоинтензивните сектори, предупредуваат од организацијата на работодавачи. Велат дека ако се покачи минималецот кој сега изнесува 12 000 денари може да дојде до намалување на бројот на вработени.

Секое поголемо покачување од ова е проблематично и ќе предизвика намалување на бројот на вработени особено во делот на трудоинтензивните сектори. Со покачувањето на минималната плата до 12 000 скоро сите плати се најдоа во еден многу тесен дијапазон што доведе до урамниловка,  а евентуалното  ново покачување ќе предизвика отпуштање на работници, вели првиот човек на организацијата на работодавачи Ангел  Димитров

Премиерот Заев кој вчера најави раст на минималната плата денеска повторно посочи дека Владата планира да го покачи минимлецот но  до која сума сеуште не е познато. Допрва ќе се разговара со засегнатите страни- синдикатите и работодавачите за да се најде соодветно решение.

Последен пат минималната плата порасна лани од 10.800 на 12 000 денари.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!