Експериментот универзален основен приход во Финска е неуспешен

Експериментот наречен универзален основен приход е почнат на 1 јануари 2017 година и ќе трае две години. Суштината е, по случаен избор на 2.000 невработени лица, на возраст од 25 до 58 години, им се исплаќаат 560 евра без обврска да бараат работа.

Министерството за социјална политика и здравство и Агенцијата за социјално осигурување на Финска денес ги соопштија резултатите од првата година на националниот експеримент-  универзален основен приход.

Студијата покажала дека во првата година двете групи не се разликувале во вработувањето- дополнителниот приход не помогнал во наоѓање работа на слободниот пазар ни за едната, ниту за другата група. Останато, е забележано подобрување во субјективната добробит на учесниците.

Експериментот е составен од две групи: експерименатална (групата подлежи на тестирање) и контролна група (групата не подлежи на тестирања, односно служи како референтна вредност за мерење на ефектите од промената во набљудуваните појави врз експерименталната група). Односно, на експерименталната група и биле дадени пари, а на втората не- и двете групи примале надомест за невработување, а само првата добивала и друг неповратен приход, без обврска да бара или најде работа.

Процентот на доход од сопствена заштеда и самовработување пред експериментот бил 43,70% за експерименталната и 42,85 за контролната група, а по првата година од експериментот овој доход бил просечно за 21 евра помал кај експерименталната во однос на контролната група, односно просечно изнесувал 4,230 евра и 4,251 евра соодветно.

Испитување на ефектите од задоволството било спроведено преку телефонска анкета, при што се покажало дека 55% од експерименталната група се чувствувале подобро(а кој не би се чуствувал подобро додека седи дома некој да му дава пари), во однос на 46% од контролната група. Нивото на стрес било 17% за експерименталната и 25% за контролната група (се разбира помалку стресно е “гага” пари отолку пари што треба сам да ги заработиш).

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!