За плати на буџетари трошиме 122 милиони евра повеќе од пред 10 години

Додека приватниот сектор трпи за јавната администрација нема криза и турбеленции. Додека добар дел од приватните компании едвај врзуваат крај со крај и имаат големи проблеми да отворат нови работи места, во јавната администрација ситуацијата е спротивна.

За 38 милиони евра е зголемен износот за плати на буџетарите оваа година споредено со лани. Во буџетот за 2019 година ставката плати и надоместоци тежи 461,5 милиони евра, а во 2018, со ребалансираниот буџет била 423,5 милиони евра.

Во 2008 година, износот за плати и надоместоци бил 338,6 милиони евра. Тоа значи дека во изминатиов период оваа ставка скокнала за 122,9 милиони евра.

Кога го образложуваше буџетот, Владата објаснуваше дека годинава е планирано зголемување на платите на администрацијата за 5% од септември 2019 година, со цел градење поефикасна и помотивирана јавна администрација.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!