Oд 1 јанаури 2020 година ќе се либерализира поштенскиот пазар

Поштенскиот пазар целосно ќе се либерализија од први јанаури следната година. Со проект вреден 600 илјади евра Европската Унија ќе и помогне на Агенцијата за пошти да ги зајакне капацитетите. Со тоа ќе се подобри инспекцискиот надзор, а ќе се работи и во делот на легислативата која треба да го помогне процесот на либерализацијата.

Паралелно министертвото за транспорт почна и изработка на нова стратегија со која ќе се постават нови насоки за развој на поштенскиот пазар.

Пректот ќе трае 18 месеци.

Според делегатите на ЕУ тој се спроведува во вистинско време со оглед на тоа што земјава го трасира патот до Европската Унија.

error: Content is protected !!