Во вторник започнува саемот за вработување и пракса „Контакт“ на техничкиот кампус

И оваа година, шести пат по ред се случува настанот кој ги поврзува студентите од техничките факултети со најреномираните компании во државава – „Контакт“.

„Контакт“ е саем за вработување и пракса кој има за цел на студентите да им го олесни патот кон своето идно вработување или добивање на пракса преку директно поврзување со работодавците и останатите претставници од компаниите.

„Контакт“ оваа година ќе се одржи од 12 до 14 март во холовите на Факултетите од техничкиот кампус (ФЕИТ, МФС, ФИНКИ, ТМФ) каде компаниите преку презентации на штандовите кои ќе бидат поставени ќе им се претстават на студентите и дел од нив ќе одржат едукативни предавања. Претставници од компаниите ќе ги запознаат студентите со начинот на кој работи компанијата, ќе одговараат на прашањата од студентите, но и ќе образложат како да се стане дел од компанијата. На настанот ќе земат учество едни од најреномираните и најуспешните компании од областа на информатиката, енергетиката, електрониката и машинството.

Сите заинтересирани студенти имаат можност да остават свое CV и со тоа да аплицираат за работа или пракса, а на компаниите им се овозможува брз и лесен начин за пронаоѓање на потребниот профил на студенти со пристап до динамичката база од CV-а. Искуството од претходните години говори за голема успешност на овој проект, со голем број студенти кои го посетиле саемот и над 30 компании кои биле дел од „Контакт“, како и значителен број на студенти на кои, оставајќи свое CV, им била укажана можност за понатамошна селекција во процесот на вработување.

Организатор на овој настан е Организациски одбор составен од студенти-членови на Студентските парламенти при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Машински факултет (МФС).

„Контакт“ претставува одлична можност за сите студенти кои се во потрага по пракса или вработување и кои се силно мотивирани да ги прошират своите хоризонти со богатиот спектар на технологии кои ги нудат овие компании, воедно отворајќи им можности за просперитет и успешна иднина

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/1567880286648841/

Оставете свое CV или дознајте кои се компаниите учесници на саемот на сајтот: http://kontakt.org.mk/

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!