Од Охрид до Малме и Милано ќе се лета за 20 евра

Во понеделник, на 18-ти март, ТАВ Македонија започнува со директните авиолинии Охрид-Малме, како и на новиот директен лет Охрид-Милано, по цени од околу 20 евра, со кои ќе оперира авиокомпанијата WizzAir.

– На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во 11:25 часот треба да слета авионот од Малме, информираат од ТАВ Македонија.

Согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии од 18-ти март започнуваат летовите од Малме, а ќе оперираат два пати неделно во понеделник и петок. За Милано пак летовите почнуваат следниот ден, на 19-ти март и ќе сообраќаат во вторник и сабота. Согласно договорор од јули ќе бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!