Секој вработен во „Порше” ќе добие бонус од 9.700 евра

Успешните компании знаат да ги наградат своите вработени за добрите резултати, со цел да ги мотивираат и да испратат порака и Вие сте важни.

Така освен априлската плата, секој вработен во „Порше” ќе добие бонус од 9.700 евра. Бонусотќе биде исплатена во два дела: 9.000 евра за успешно работење на компанијата во 2018 година и 700 евра за уплата во пензискиот фонд каде што е осигуран работникот.

Без оглед на различните плати на 25.000 работници, „Порше“ одлучи сите вработени подеднакво да ги награди, иако ќе се води сметка за должината на работното време и стажот на секој поединец. Така, „Порше“ ја продолжува традицијата на наградување на работниците, бидејќи за успех во 2017 година им беа доделени по 9.656 евра, а во 2016 година по 9.111 евра.

Покрај тоа, минатата година работниците добија еднократна награда од 356 евра по повод јубилејот – 70 години „Порше спортски автомобили”.

Во 2018 година Порше ги зголемил испораките за 4%, на 256.255 возила, а прометот се зголемил за 10%, на 25,8 милијарди долари, додека оперативниот приход е зголемен за 4 %, на 4,3 милијарди евра.

error: Content is protected !!