Скопјанец за една година заработил скоро милион евра од издавање имот
Во 2017 година одлично се заработувало од поседување на земјиште, станови и деловни простории како и од авторски права, покажуват податоците на Управата за јавни приходи (УЈП).
Прворангираниот според вкупно остварени бруто приходи од имот и имотни права (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Скопје, кој пријавил 847.477 евра.
Прворангиран според остварени вкупно бруто приходи од авторски права/индустриска сопственост е обврзник од Скопје со 533.114 евра.
