Комерцијална банка во 2018 година оствари добивка од 29 милиони евра

Комерцијална банка ја заврши 2018 година со нето добивка во износ од 1.780,3 милиони денари (28,9 милиони евра). Акционерите на денешното редовно годишно собрание донесоа одлука за распоредување на нераспределената добивка со тоа што дивидендата за обичните акции ќе изнесува 420 денари за една акција.

– Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка- велат од Банката.

На денешното Собрание усвоени се и финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка и Консолидираната годишна сметка за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2018 година.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!