Димитров: Македонија предвреме ја уништи индустријата – не можеме да се споредуваме со држави кои имаат хај тек индустрија

На трибината на Ротари клубот за перспективите на економијата во пресрет на ЕУ, бизнисмените упатија серија критики кон економската политика, поточно што индустријата се става во втор план.

Земјава предвреме ја уништи својата индустрија, слепо следејќи туѓи искуства, тоа е причина за слабиот економски раст. Од 2001 до 2017 имаме просечна стапка од 2,7 отсто, што е помалку од сите земји во соседството, тоа значи дека ние уште не сме ги спровеле реформите, критикуваат бизнисмените. Сегашното учество на индустријата од само 11,8 отсто во БДП е на опасно ниско ниво, затоа индустријата мора да ни биде главна задача.

Не можеме да се споредуваме со држави кои имаат хај тек индустрија и каде вложувањата во истражувања и наука се десет пати повисоки од кај нас. Истражувањата покажуваат дека држави со БДП по глава на жител од три до девет илјади долари својот развој мора да го темелат на ефикасноста, продуктивноста и на извозот, тоа значи на индустријата“, вели Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Тоа нема да се постигне без државна помош. Субвенциите што државата ги дава од лани преку Законот за финансиска поддршка е само знак дека власта има добра намера, но и тука се направија пропусти, смета Димитров.

Можеби тука грешка се направи што се даде големо учество само за некакви иновации, иако Владата вели дека тоа не е Фонд само за иновации, туку и за технолошки развој, каде се добиваа одредени грантови, за кои потоа се виде дека има и одредени сомнителни работи, додека за цела индустрија субвенциите се сведоа на 10 отсто. Бидејќи, тешко ќе направите разлика дека одредена автоматска машина што ја купува компанијата ги зголемува само капацитетите на производството и за тоа добива само 10 отсто, или има и некаква иновација која треба да добие од 40 до 50 отсто“, вели Димитров“.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!