Просечната нето плата во февруари e 24.192 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари и бележи раст од 4,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Според статистика, зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „дејности на здравствена и социјална заштита“ изнесува 11,6 отсто, во „транспорт и складирање“ 10 отсто и „земјоделство, шумарство и рибарство“ 8,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „рударство и вадење на камен“ за 10,3 отсто, „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 10 отсто и „транспорт и складирање“ за шест отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2019 година изнесува 35.901 денари.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!