Се олеснуваат условите за формирање и работење на инвестициските фондови

Министерството за финансии најави дека подготвува измени и дополнувања на Законот за инвестициски фондови со кои се врши доусогласување со Директивата 2009/65/ЕУ за друштва за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност.

Меѓу другото, со измените се предвидуваат нови видови на инвестициски фондови и тоа главен фонд и фонд напојувач. Од средствата што ќе ги прибере фондот напојувач, 85 проценти ќе може да инвестира во главен фонд.

– Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел олеснување на условите за основање и работење на инвестициските фондови, зајакнување на заштитата на интересите на инвеститорите, уредување на постапките за статусни промени на инвестициските фондови, отворање на филијали и пренос на управувањето со инвестицискиот фонд на друго друштво за управување и воведување на нови видови инвестициски фондови – главен фонд и фонд напојувач, при што фондот напојувач да може да инвестира 85% од прибраните средства во друг фонд – главен фонд, појаснуваат од Министерството за финансии.
Рокот до кој ова министерство треба да го подготви предлогот на законот за измени и дополнувања на Законот за инвестициски фондови е 25 мај годинава.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!