Во април индустриското производство бележи раст од 5,5%

Индустриското производство во април годинава бележи раст од 5,5% во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика.

Растот во преработувачката индустрија во април, која учествува со 77,13% во создавањето на вкупното индустриско производство, бележи раст од 4,5% во споредба со истиот период лани.

Најголем пораст има индустриското производство во производството на хемиски производи (47,2%) и производство на фармацевтски производи (41,3%). Следат производството на машини и опрема каде индустриското производство бележи раст од 29%, производство на електрична опрема со раст од 26%, производство на текстил со раст од 19% и производстсво на пијалоци со раст од 14%.
Пад на индустриското производство има кај производството на производи од кожа од 13,7%, производство на тутунски производи од 8,4%, производство на прехранбени производи од 2,5%

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст од 3.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 %.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!