Венко Глигоров: Честитки за Косово и нивниот автопат Приштина – граница со Македонија

Бизнисменот Венко Глигоров го сподели неговото позитивно искуство од автопатот Приштина – граница со Македонија.

Косово. Честитки.

Го возев ново-отворениот автопат Приштина – граница со Македонија, автопат што нашите медиуми го ословија како автопат Приштина – Скопје!!!!??? 🤔🤔🤔🤔 Или никогаш не биле натаму или тоа го прават веројатно за да ги заштитат нашите власти од дополнителни бруки. Тешки бруки сме, значи.

Ме прашуваат за колку се вози? Им викам: на излез од Приштина го палам цигарчето (на сликата лево), лагано си пиуцкам еспресо, бленам напред како да се досадувам пред телевизор – и стигам граница. До пред некоја година ова беше незамисливо – во Косово да се досадуваш додека возиш од граница до Приштина и обратно.

Потоа на двете страни од границата се проаѓа експрес брзо. Е тогаш „влегувам“ на патотот Граница МК – Скопје. Се осетив како на филм, оние партизанските од НОБ. Дупки, кривини, можеш да налеташ на секакви „заседи“ …

Згора на тоа, влезот во нашата индустриска зона Визбегово – во очајна состојба. Убави фирми и од едната и од другата страна – се гледа дека растат и се развиваат. А пат меѓу нив запуштен, со дупки и со два три семафори кои наместо да регулираат – дополнително создаваат гужви и нервози.

Рече некој не се искористувале средствата за капитални инвестиции. Па за ова треба да се користат, на што друго? Министерон зошто го плаќаме, за да кука како било во грујово време или да работи? Ем може пат да направи, ем провизија да поделат, ем ние задоволни. Ама треба да те бива …

Автопатот Скопје-Граница-Приштина е важен за сите нас. Ако ништо друго, како респект кон земјата-сосед со која имаме (сеуште) одлична позитивна трговска соработка.

ПС Државите околу нас се развиваат, градат инфраструктури, еве и Дојран доби концесија – а Македонија сеуште нема ПејПал за трговци и професионалци за наплата од странство. Што да се каже повеќе?

Сепак, угоден викенд посакувам.

Венко Глигоров

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!