Зошто Македонија не е гасифицирана до сега?

Државниот завод за ревизија неодамна ја објави ревизијата на ефикасноста на процесот на гасификација, која е направена со цел да се одговори на прашањето дали надлежните ги преземаат потребните мерки, политики и проекти за брза и ефикасна изградба на гасоводната мрежа, а одговорот е – не.

Ревизорите неефикасноста ја гледаат во повеќе причини – не е завршена магистралната гасоводна мрежа, воопшто не е изградена дистрибутивната мрежа во општините, не се обезбедени сите потребни пари, нема доволно кадровски капацитети… Изградбата на магистралните делници почнала дури 6 години по изработката на физибилити студиите за гасификација, а Македонија дури платила 250.000 евра пенали затоа што не градела доволно брзо и не ги повлекла навреме парите од кредитно задолжување.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!