Во понеделник оглас за заинтересирани инвеститори за изградба на фотоволтаични централи

Оглас за заинтересирани инвеститори за изградба на фотоволтаични централи со вкупна моќност од 35 мегавати на државно земјиште ќе биде објавен во понеделник. Заинтересираните инвеститори ќе може да аплицираат за изградба на две фотонапонски електрани од по 10 мегавати, од кои една во месноста Азамбегово – Свети Николе и една во месноста Манастирец – Македонски Брод, потоа една електрана со моќност од 5 мегавати, две електрани од по два мегавати и шест електрани од по еден мегават исто така во атарот на Свети Николе, објавија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Вице- премиерот Анѓушев на прес конференција објасни дека државата обезедила земјиште, но решила и голем дел од административните процедури, со што на инвеститорите им се кратат иколу година, доколку целата постапка ја спроведуваат сами.

„Интенцијата на Владата, преку овој повик, е да се излезе во пресрет на заинтересираните инвеститори, да се олеснат и скусат административните процедури. Владата го определи земјиштето кадешто ќе се градат фотонапонските електрани, ги презема административните обврски за пренамена и урбанизација на земјиштето, а во име на сите инвеститори преговараше за цената на приклучок кон дистрибутивниот систем. На овој начин процедурите кои би траеле до година и пол ќе се скусат на околу половина година, со што ќе се забрза процесот на изградба“- објасни Анѓушев.

Покрај критериумите од Законот за јавни набавки,рече тој, главниот критериум кој ќе треба да го запазат инвеститорите е висината на т.н. премиум, односно инвеститорите ќе се натпреваруваат на аукција, со негативно поддавање за висината на понудениот премиум,

Сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација почнувајчи од 10 Јуни и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди.

Проектот, при изработката на тендерската документација е поддржан и од ЕБОР. А со него, според Анѓушев и Бектеши се овозможува транспарентен натпревар на потенцијалните инвеститори за изградба на централи од обновливи извори на енергија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!