Поради трговската војна меѓу САД и Кина ќе има пад на светскиот БДП

Од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) укажуваат дека светскиот БДП може да се намали за 0.3 отсто во 2020 година како последица на трговската војна помеѓу САД и Кина.

Ова се дознава од најновиот извештајот објавен пред средбата на министрите за финансии на Г-20 која треба да се одржи на 8 и 9 јуни во Јапонија.

Притоа, од ММФ истакнуваат дека „притисокот во меѓународните односи може да остане или да се засили”.

-Новите (двострани) царини воведни од САД и Кина, најверојатно ќе ја ослабат трговијата и ќе доминират над финасиските пазари. Нивното вијание е негативно на инвестициите, производителноста и растежот, наведуваат експертите од фондот.

Трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот продолжува. На средбата викендов преговори за тоа ќе водат министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин и претседателот на Нардоната банка на Кина, Иј Ган.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!