Венко Глигоров: Дали е за фалење што на ваков начин се намалува невработеноста?

Што им е убаво на власта (секоја до сега). Други земји во светот им ја решаваат невработеноста. Ќе си речеш дека е важно да најдеш “успешна” формула. и затоа власта сака да се фали.

Дали е за фалење работава?

Кога кажуваат колку паднала невработеноста, нека кажат и колку невработени (или вработени) се исселиле, а колку се вработиле. И каков е односот на тие што се вработиле во државно и приватно. Така ќе се добие реална слика на учинокот на секоја власт.

Прост пример. 1000 души се работоспособни. Ќе претпоставиме дека колку млади стасуваат работоспособни, толку идат во пензија. Е сега. Од 1000 луѓе, 300 се невработени, што ќе рече 30% е неработеност. Ако сто души неповратно ја напуштат земјата, тогаш од стоте невработени ќе се регрутираат за да бидат вработени. Значи невработени ќе има 200. И сега, ако се земе основицата од 1000, тогаш невработеноста паднала на износ од 20%. Да се земе основица 900 (бидејки нели 100 се исселиле) тогаш невработеноста е намалена исто така и изнесува 22%. Но, …

Дали ваквиот пад на невработеноста е показател за успешноста на власта? Дали е исто ако невработеноста се намалува заради “бегање” на луѓето во странство, или ако се отвораат нови работни места во приватниот бизнис? А за да се отворат нови работни места во приватниот бизнис е потребно да се има стабилна бизнис клима, предвидливи трошоци и млади луѓе кои сонуваат да го освојуваат светот со нови производи и услуги (наместо главна преокупација да им биде да работат државно).

Каква е ситуацијата во Македонија? Ем луѓето си одат, ем власта трупа кадри во државна администрација. Колку повеќе се трупа администрација, толку повеќе другите луѓе горат од желба неповратно да ја напуштат земјата. Кога вака невработеноста се намалува, шансите на Македонија да се развива, биде профитабилна и одржлива се намалуваат уште повеќе.

Гледаме сега се ветуваат поголеми плати во државата. Каде така Премиере? Ова ти го нарекуваш Економски тим со успешна програма? Бљак.

Венко Глигоров

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!