Предавање: Седум шокантни лидерски тајни за зголемен профит и продуктивност

7те Лидерски и Едукативни Тајни За Драматично Зголемување на Вашиот Профит и Бизнис Перформанси – Кои Мора Да Ги Знаете, а Ниеден Тренер ни Учител Нема Да Ви Ги Каже.

Најголемиот број на менаџери, бизниси сопственици и едукатори го прават следново:

Им висат над глава или им дишат во врат на своите вработени/ученици, надевајки се дека на овој начин ќе ги мотивираат да бидат попродуктивни…

Ова е апсолутно лудило!!!

Здраво. Јас сум Виктор Куновски, авторот на книгата Дијамантско Лидерство.

Половина од својот 30 годишен професионален живот го имам поминато во Македонија, останатата половина во Европа.
Сум работел за мали и средни бизниси, факултети, но и за компании со над 3000 вработени.
Со сопственици на бизниси кои немале време да разговараат и да ги сослушаат своите вработени и потоа се чуделе зошто луѓето им се немотивирани и ги напуштаат и покрај тоа што добро ги плаќаат.

Со талентирани и многу успешни менаџери(ки), чија единствена маана била тоа што премногу работеле и незнаеле да го менаџираат нивото на стрес, за на крај да завршат изгорени, депресивни или болни, без да има кој да ги замени на нивната позиција.

На жал, сум имал и искуство со фантастичен бизнис, тука во Македонија, кој вртел 5-6 Милиони Евра годишно, но кој исчезна и банкротираше само заради тоа што сопственикот несакаше да работи на својот раст и развој.

Дополнително, суровата реалност е дека Македонската економија во континуитет е нископродуктивна и една од најслабите и најспоро растечките, не само во регионот, туку и пошироко, а младите и најталентираните кадри ја напуштаат во илјадници.
Но зошто ова се случува?

Верувајте, оваа реалност и мене, верувам исто како и вас, долго време не ми даваше мир. Непреспиени ноќи поминав размислувајки за овие проблеми и решив да откријам како оваа состојба може да се надмине.

Посветив неколку години во истражување, барајки одговор на прашањата – “како некои лидери, тимови и бизниси се далеку попродуктивни, поиновативни и попрофитабилни од останатите?”. – Како и ние да создадеме исклучителни бизниси и економија?

Ги истражував најдобрите светски компании, работев на проекти со неколку фантастични консултантски куќи, студирав курсеви за најновите лидерски модели на најдобриот универзитет на планетава – МИТ од Бостон…

Учејки и работејки со најдобрите, открив што прават поразлично.

Ги открив нивните тајни формули и методологии за создавање на исклучителни резултати.
Сето ова знаење и искуство го преточив во страниците на книгата Дијамантско Лидерство.

Токму ова искуство ќе го споделам на најдиректен начин, со вас драги читатели во Охридско Струшкиот регион кои ќе ме причестат со своето пристутво во Библиотеката Григор Прличев – Охрид, во Четврток, 11ти Јули од 18:00.

Се гледаме во Охрид,

Искрен Поздрав.
Виктор
=================

Местата се лимитирани, дојдете на време да не бидете разочаран

https://www.facebook.com/events/899075377106027/?notif_t=events_add_page_cohost&notif_id=1562220817201147

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!