Србија привлече 5,98 милијарди, а Македонија само 184 милиони долари гринфилд инвестиции

Регионот од Западен Балкан привлече 9,36 милијарди американски долари, странски гринфилд инвестиции во во 2018 година, што е највисок износ во последните десет години, пишува пишува FDI Intelligence, специјализираниот сервис на Financial Times.

Србија, е лидер во регионот во 2018 година со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти, БИХ има 4 гринфилд проекти, а Црна Гора 11 гринфилд проекти.

Според најновите годишни податоци за FDI Markets од јуни 2018 до мај 2019 година, Македонија привлече 184, 4 милиони американски долари, а Албанија привлече 809,9 милиони американски долари – гринфилд инвестиции. Македонија има раст за 200 % во однос на истиот период претходната година, а Албанија раст за 80%, се вели во Извештајот.

Земјите од Западен Балкан привлекуваат значително помалку гринфилд проекти од нивните колеги во централна, источна и западна Европа, но регионот функционира многу добро во однос на својот удел во глобалниот БДП.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!