Бизнис заедницата бара минималната плата да не се зголемува вештачки
Разговорите меѓу Владата и бизнис заедницата за минималната плата се уште не се завршени. Бизнис заедницата останува на ставот дека тоа вештачки не треба да биде наметнато, туку тоа компаниите сами да го направат.
-Ставот останува ист. Секој вештачки обид на зголемување на минималната плата за нас не е добар, затоа што, како што знаете приватниот сектор работи секојдневно и е реална материја што се менува на дневна, недела, месечна основа. Треба да ги следиме условите на пазарот. Треба да гледаме како пазарот се менува. Треба да креираме лица кои ќе ги задоволат потребите и треба да влезат на тие работни места. Тоа не можеме да го направиме вештачки, смета претседателската на Сојузот на стопански комори Даниела Арсовска.
Оценува дека минималната плата е нешто што природно треба да се зголемува.
-Условите на пазарот ги знаете. Се соочуваме со недостиг на квалификувана работна сила, особено на оние што имаат специфични занимања и тоа е она на што треба да се обрне внимание и треба да биде една посеопфатна стратегија на држвата особено во делот на образованието и особено како да генерираме вакви кадри, не само од основното, средното и високото образвоание, исто така и преку преквалификација и доквалфикација, посочи Арсовска.
