Катастрофална реализација на капиталните инвестиции: Само 20% реализација за шест месеци
Катастрофална реализација на капиталните инвестиции, само 85,8 милиони евра потрошила државата за капитални инвестиции за шест месеци годинава. Сумата е само 20% од предвидените пари за оваа намена за цела година. Во буџетот за 2019 година на име капитални инвестиции Владата предвиде над 422 милиони евра, но како и лани слично и годинава, токму овие трошења најсалбо се реализираат.
До сега ако имаше нормално темпо на реализација на капиталните инвестиции требаше да изнесуваат околу 50% за првите шест месеци од годинава.
Во капитални инвестиции влегуваат изградбата на таканаречени капитални проекти како железница, гасовод, училишта, градинки, спортски објекти. Трендот продложи и трае уште од лани, а позанвачите велат дека ова се должи на лошто планирање на буџетот. Иако капиталните инвестиции и за време на претходната власт први настрадуваа при ребалансите затоа што не с етрошеа по предвидениот план, сепак во последните две буџетски години, реализацијата е исклучително лоша. Лани за едно полугодие беа потрошени 16,5 отсто од овие пари, сега годинава само 20 отсто.
Инаку моментално функцијата министер за финансии ја врши премиерот Зоран Заев, откако од таа позиција беше сменет Драган Тевдовски. Експертската јавност е категорична дека требаше да има поширока одговорност за ова прашање.
