Берзите во САД синоќа го затворија тргувањето со пад од 3%, што е најлош резултат од почетокот на годината

Берзите во САД синоќа го затворија тргувањето со пад од околу три отсто, што е најлош резултат од почетокот на годината, предизвикан од стравувањата од рецесија во земјата и слабите статистички податоци што доаѓаат од Германија и Кина.

Во текот на берзанските купопродажби вчера добивката од двегодишните американски обврзници се зголеми многу повеќе од добивката на стандардните 10-годишни американски благајнички записи, хартии од вредност издавани од Министерството за финансии. Ова се случува за првпат од 2007 година и според експертите е знак дека почнува рецесија.

Аналитичарите оваа состојба ја нарекоа „хистерија“ на светските финансиски пазари. Цените на нафтата што вторникот го завршија со скок од пет отсто, синоќа паднаа за повеќе од пет отсто.

Синоќа поднаа индексите на речиси сите главни светски берзи. Разгорената трговска војна со Кина на администрацијата на претседателот Доналд Трамп е една од причините за опасноста од рецесија, бидејќи постојат стравување од одлучни возвратни мерки од страна на Кина.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!