ЕУ со својата нова стратегија ќе купува гас од Туркменистан

Европската унија (ЕУ) во својата нова стратегија за односи со земјите од Централна Азија ја разгледува можноста за набавка на туркменикански гас со цел диверзификација на снабдувањето, вклучително и можна изградба на Транс-каспискиот гасовод.

Ова го соопшти претставникот на ЕУ за Централна Азија, Питер Бурјан на првиот касписки економски форум што се одржи во Туркменистан, јавува руската новинска агенција „ТАСС“.

– Задоволство ми е што можам да кажам дека оваа година ги интензивиравме дискусии со Туркменистан за енергетска соработка, вклучително и изградба на Транс-каспискиот гасовод – рече тој.

Буријан истакна дека ЕУ не само што го гледа Туркменистан како извор на енергија, туку бара „други форми на енергетска соработка“ во својата нова стратегија за земјите од регионот.

Пет држави од богатиот енергетски регион околу Каспиското море се состанаа на „Економскиот форум“ во Туркменистан за да се обидат да се договорат како да се дистрибуира нафтеното богатство на регионот.

Минатата година, лидерите на Русија, Азербејџан, Иран, Казахстан и Туркменистан потпишаа конвенција со цел да се стави крај на децениите неизвесност во врска со експлоатацијата на ресурсите на овие земји. Договорот утврдува правила за територијалните води и риболовните зони на државите, но прашањето за поделбата на морското дно, кое крие нафта и гас, подлежи на понатамошни преговори.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!