Анѓушев до кинескиот амбасадор: Кинеските инвеститори се добредојдени во Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е. Жанг Зуо.
Анѓушев и Зуо зборуваа за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина и се согласија дека е воспоставена добра соработка и дека има можности истата да се прошири.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека досега сме имале соработка во реализација во инфраструктурни проекти и дека соработката во идни инфраструктурни проекти мора да биде базирана на отворени и јавни тендерски постапки во согласност со законските прописи во земјата. Вицепремиерот дополни дека постои голем простор за подобрување на економската соработка особено за привлекување на кинески инвеститори во земјата.

„Ги поканувам кинеските инвеститори да ја посетат нашата земја и да се уверат во условите за инвестирање. Имаме креирано пакет на мерки, преточени во законско решение со кои се овозможува силна поддршка до 50% од вредноста на инвестициите. Инвестирањето во Северна Македонија сметам дека е особено атрактивно за кинеските компании, поради местоположбата на нашата земја, но и други поволности, како што се стекнување европски стандарди и сертификати со кои им се отвора простор за соработка со земјите од Европската Унија“, посочии вицепремиерот Анѓушев.

Новоименуваниот амбасадор на НР Кина, Зуо, потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Република Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.

Вицепремиерот Анѓушев и амбасадорот Зуо се согласија дека соработката помеѓу двете земји ќе се развива на принцип на пазарна конкурентност и на транспарентен начин, со што ќе се зацврстат односите помеѓу двете земји и ќе се зголеми економската соработка.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!