Нема јасни знаци на економско опоравување, ЕЦБ е поготвена повторно да ги намали каматните стапки

Во услови кога Германија се наоѓа пред рецесија, Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена повторно да ги намали каматните стапки, во услови на недостаток на јасни знаци за економско опоравување на еврозоната, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

Говорејќи пред Комитетот за монетарни и економски прашања на Европскиот Парламент во Брисел, Драги предупреди дека колку подолго продолжува падот на производниот сектор во еврозоната, толку е поголем ризикот дека ова влошување ќе се рашири во другите делови на економијата.

Тој ги повика владите во еврозоната да ги засилат државните трошења за поддршка на економскиот раст, што значително повеќе забави отколку што очекуваше ЕЦБ.

Драги, ги повика владите кои се во добра финансиска состојба да „дејствуваат ефикасно и навремено“. Во принцип, неговите апели ги тангираат земјите како Германија, најголемата членка на еврозоната, која ја отфрли идејата за заем за инвестирање во инфраструктурата – потсетува АП.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!