Индексот на доверба на инвеститорите во еврозоната e во пад

Довербата на инвеститорите во еврозоната во октомври падна на најниско ниво за повеќе од шест години, бидејќи мерките на централните банки не успеаа да го ублажат стравот од рецесија.

Тоа го покажаа резултатите од едно истражување. Индексот на доверба на инвеститорите во еврозоната падна на минус 16,8 поени во октомври од минус 11,1 поени во септември, соопшти истражувачката групација Sentix.

Тоа е најниско ниво од април 2013 година и лошиот податок во однос на прогнозата на економистите кои учествуваа во анкетата на Reuters и кои предвидоа пад на минус 13 поени.

„Немаше позитивни реакции на мерките за поддршка кои ги преземаа централните банки“, порача генералниот директор на Sentix, Патрик Хуси.

Индексот за проценка на тековната состојба падна на минус 15,5 поени од минус 9,5 поени, што е петти последователен пад на тој индекс и најслаб податок од крајот на 2014 година. Падна и индексот кој ги мери идните очекувања на инвеститорите.

„Стравувањата од рецесија се неизбежни“, изјави Хуси.

Во анкетата на Sentix учествуваа 957 инвеститори, во периодот од 3-ти до 5-ти октомври.

Reuters потсетува дека шефот на Европската централна банка, Марио Драги, во септември вети стимулации за заживување на проблематичната економија во еврозоната. ECB тогаш ги намали каматните стапки уште повеќе  и вети купување на обврзници.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!