Нов индикатор: Во рејтингот на „Дуинг бизнис“од 2020 година ќе се оценуваат и државните тендери
Догодина во рејтингот „Дуинг бизнис“ на Светската банка (СБ) ќе се појави нов индикатор за оценка на процедурите за државни тендери, соопшти Банката.
Ќе се оценува транспарентноста на процедурите и пристапот на малиот и среден бизнис до државните тендери. Пилот оценување веќе било спроведено во 78 земји. Воведување на таков показател се разгледувало од поодамна, уште од 2016 година, но досега индикаторот сепак не бил вклучен во рејтингот на СБ.
Македонија во рејтингот „Дуинг бизнис“ годинава се најде на 17-то место, а во 2018 беше на десетто. Од Светската банка потврдија дека падот од седум места е поради променатата методологија на оценување.
Нашата земја засега останува помеѓу дваесетте најдобри светски дестинации за водење бизнис, и е прва во регионот, пред такви земји како Турција, Грција, Словенија, Србија, Црна Гора, или Хрватска.
Со оглед како се одвивале државните тендери во Македонија од нашата независност па до ден денес, не треба да очекуваме дека овој нов индикатор позитивно ќе влијае на нашиот рејтинг, најверојатно откако ќе биде воведен индикаторот за процедурите на државните тендери од следната година рејтингот на Македонија ќе паѓа на „Дуинг бизнис“.
